„Фајзер“ уште не ставил потпис на договор за вакцини за Македонија

Компанијата „Фајзер“ има дополнителни барања од државата, едно од нив се однесува на обесштетување за евентуално несакани ефекти од вакцината, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.



„Тука има некои специфични барања, интензивно разговараме и во текот на изминативе два дена и денеска. Утрово ги чекаме повратните информации од „Фајзер“. И самите се свесни и укажаа дека навистина долго време траат овие разговори со нив и јас верувам дека конечно ќе се финализираат“, изјави Филипче.

Тој додаде дека „ние од наша страна го потпишавме договорот и го вративме, меѓутоа се уште не е вратен назад“, вели Филипче, пренесува МИА.

Македонија досега доби мал број на вакцини со кои започна имунизацијата на здравствените работници. Земјава доби вакцини „Фајзер“ од Србија и 3.000 вакцини од рускиот производител „Спутник В“. За бавниот процес на вакцинација има бројни критики во јавноста.РСЕ