„Фајзер“ ќе ги намали доставките на вакцини во ЕУ, но бара да се платат непроизведените дози

Американската фармацевтска компанија „Фајзер“ се согласи да ја намали понудата на вакцини против Ковид-19 во Европа за 40 отсто, пишува британскиот весник „Фајненшл тајмс“.



Сепак, според според ревидираните услови, компанијата сака да ѝ се плати за веќе нарачаните дози кои нема да бидат произведени до 2026-та.

Според ФТ, европската комесарка за здравство Стела Киријакидес го претстави амандманот на договорот пред министрите за здравство на ЕУ на состанокот зад затворени врати во Брисел, но наиде на отпор од четири земји:

Бугарскиот в.д. должноста министер за здравство Асен Меџидиев изјави дека Бугарија заедно со Полска, Унгарија и Литванија се против предложениот договор за вишок вакцини. Тој додаде дека, според неговото мислење, другите земји од ЕУ нема да го поддржат предложениот договор во неговата сегашна форма.

„Измената на договорот предложен од Фајзер за нас е категорично неприфатлива со оглед на критичната состојба со прекумерната понуда на вакцина во Бугарија и неоправданото финансиско оптоварување за производите наменети за уништување, рече Меџидиев.

„Ја повикуваме Комисијата да се врати на преговарачка маса, целосно почитувајќи ги овластувањата што и се дадени. Се додека не се најде решение, сите испораки мора да бидат прекинати“, рече тој.

Контроверзната ситуација настана откако беа воведени мерки за уништување на огромен број залихи на вакцини со поминат рок, а во исто време побарувачката за бустер дози континуирано се намалува.

Во 2020 година, Европската комисија објави триумф кога беше постигнат договор за генерален договор за нарачка на милијарди дози вакцини. Но, со минувањето на пандемијата и достигнувањето на голем процент вакцинирани, побарувачката се намали.