„Словенија ги поттикнува членките на ЕУ да испратат силен политички сигнал за Западен Балкан, особено за БиХ. Словенија нагласува и оти е клучно да се дојде до спогодба за Македонија и Албанија, сметајќи дека европските лидери веројатно нема да дадат силни гаранции за евроинтеграциите на регионот на претстојниот самит на ЕУ, наведува ‘Еурактив’. – пренесува весникот „Нова Македонија“ во својата информација со наслов „Словенечката ‘волшебна формула’ за македонските евроинтеграции зависи од Франција“.
„Нова Македонија“ пренесува: „Клучно е да дојдеме до спогодба за с.Македонија и за Албанија.’ – истакна словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон, повикувајќи го француското претседателство со ЕУ да направи последни напори за наоѓање ‘волшебна формула’ за да го отфрли Бугарија ветото кон Македонија.
„Таа нагласува дека ЕУ не смее да го заборави Западен Балкан. ‘Не смееме да го заборавиме Западниот Балкан, не смееме да го запоставиме процесот на проширување за Западен Балкан. Ако размислувате малку поинаку, Западниот Балкан има 20 до 30 години на крвави војни зад себе и јас би сакала да испратиме силен политички сигнал и за БиХ, знаејќи дека тие треба да исполнат мноштво критериуми.’ – кажа Фајон.“
„Словенија силно се залага за БиХ, подготвувајќи се да претстави документ, во кој се бара итно одобрување на кандидатскиот статус за поранешната југословенска република на денешниот состанок на европските министри за надворешни работи во Луксембург. ‘Таквиот сигнал за БиХ, отворањето на пристапни преговори со С. Македонија и со Албанија, како и визна либерализација за Косово, би ја потврдило посветеноста на ЕУ кон Западниот Балкан.’ – смета Фајон.“
„Според словенечкиот предлог, по добивањето на кандидатскиот статус, а пред отворање на пристапните преговори, БиХ ќе треба да усвои три закони што се однесуваат на судството, спречувањето на судирот на интереси и на јавните понуди за тендери.“
„Фајон за ‘Еурактив’ истакна оти знае дека станува збор за ‘многу амбициозен предлог’, но и како одредени министри за надворешни работи покажале разбирање за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан. ‘Ако продолжиме со политичкиот притисок, да разговараме и можеби да најдеме некоја неконвенционална формула, со која ќе дојдеме до светло на крајот на тунелот, тогаш ќе бидеме среќни. Ако на јунскиот самит имаме параграф, или реченица што се однесуваат на ова, тогаш ќе бидеме уште посреќни.’ – порача Фајон.“
„Се очекува европските лидери да ја нагласат ‘целосната и несомнена поддршка за перспективата за членство во ЕУ за Западниот Балкан и да повикаат на забрзување на пристапниот процес’, според ‘Еурактив’, со што се нагласува и дека нема дадат дополнителни гаранции за регионот.“





