Најголемите европски компании претрпеа загуби на рускиот пазар од најмалку 100 милијарди евра од почетокот на „специјалната воена операција“ во Украина, пишува весникот „Фајненшел тајмс“, повикувајќи се на своја анализа.
Според изданието, 176 компании забележале „обезвреднување на средствата, трошоци поврзани со размена на валута и други еднократни трошоци како резултат на продажба, затворање или намалување на рускиот бизнис“.
Во исто време, написот не го зема предвид растот на цените на енергијата и на другите производи поради војната во Украина и санкциите против Русија.






