Фадил Цана следен министер за здравство во Владата?

Инфектологот Фадил Цана е можниот кандидат за министер за здравство од Алијансата за Албанците во случај партијата да влезе во Владата, информира Клан М.



На прашањето на Клан Македонија до Фадил Цана дали е можно тој да биде идниот министер во Министерството за здравство, тој кусо одговори дека за тоа треба да одлучат партиските органи.

– Партиските органи ќе одлучат дали јас ќе бидам идниот министер за здравство – изјави Фадил Цана.

Инаку, Алијанса во сабота за време на Собранието на Централното претседателство одлучи да формира комисија за разговори за влез во Владата.