Најголемиот македонски агрегатор на вести веќе не е на “Фејсбук”

Агрегаторот тиме.мк избришал од социјалната мрежа „Фејсбук“ целосно и трајно неколку профили кои досега ги користела.



Основачот и сопственик на агрегаторот Игор Трајковски открива целосно ги згаснал неговиот личен Фејсбук-профил, како и Фејсбук-страниците на агрегаторот time.mk на македонски и на албански јазик.
Згаснат е и таканаречениот „статус сервис“ на агрегаторот на социјалната мрежа.

 

Според Трајковски, во случајот со гаснењето на профилите не станува збор за проблем со приватноста, туку за функционалноста, зависноста и човековата природа.

Тime.mk е најголемиот и најмоќен македонски агрегатор на вести, на кој се објавуваат информации од над 150 медиуми.