Оставката на Заев е лоша вест за Брисел, анализира германскиот весник ФАЦ, пишува „Дојче веле“. Прогнозата на весникот е дека Никола Димитров, актуелен вицепремиер за европски прашања е кандидат за технички премиер на новата влада.
Во однос на идниот развој на ситуацијата во земјата, ФАЦ смета дека се можни три сценарија: актуелното мнозинство да продолжи да владее со нов премиер; да се формира техничка влада која на одреден период би ја предводела земјата. За втората варијанта, весникот пишува дека кандидат за премиер е поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров. Третата варијанта се предвремени избори, кои според ФАЦ, ги турка лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пишува „ДВ“.
Целиот текст на следниот линк:
https://www.dw.com/mk/%D1%84%D0%B0%D1%86-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B7%D0%BE%D1%82-%D0%B8-%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2-%D0%B5-%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B7-%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%BE%D0%BF%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%83%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/a-59693606?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss





