ФАЦ бара ЕУ да и ја каже на Македонија реалноста за полноправното членство

Македонија може да добие и други опции за евроинтеграциите сугерира угледен германски медиум откако вчера врвот на ЕУ не даде никакви рокови или конкретни ветувања за прием на земјите од Западниот Балкан.



Влијателниот германски весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг денеска излезе со коментар по вчерашниот самит на шефовите на држави и влади на ЕУ и на земјите од Западен Балкан.

“Доколку полноправното членство во ЕУ за Косово, Албанија или Македонија не е реална опција во догледно време, тоа треба да им се каже. Во таков случај треба да им се дадат други понуди”, стои во коментарот на весникот.

Според повеќе меѓународни аналитичари втората опција доколку се случи ќе значи практична покана за Русија и Кина да пенетрираат во регионот.