Expres.mk анализа: Бугаризација на Македонија во ерата на Заев

Она што до пред само 2 години беше незамисливо, македонската левица на чело со Заев, да преговара со Бугарија за тоа чиј е Гоце и што сме ние како народ, денес за жал е реалност во Македонија.



Бугарија долги години се обидуваше да изнајде начин како да ја пробие непробојната македонска политичка елита по однос на нивната главна теза, а тоа е дека не постои македонски народ туку тоа е само еден вид дериват на Бугарската нација создадена на подрачјето од четирите области Мизија, Добруџа, Тракија и Македонија.

Една од целите на дел од “македонските” структури во Софија е наративот за непостоење на македонска нација што постои кај голем дел од Бугарите да се етаблира и во Македонија.

Пробивањето на македонската левица, по оваа тема, Бугарија ја направи само преку еден човек, Зоран Заев, кој од страна на Бојко Борисов беше претставен како благонадежна фигура која може да го прекине “национализмот” на Скопје кон бугарштината, особено “пораснат” за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Останатото е историја.

Кај сите нас се врежани сликите на Заев со Борисов во Софија пред споменикот на Самоил- кој сега е бугарски цар, триумфалните изјави на Каракачанов на скопскиот плоштад во 5 наутро ден по потпишувањето на договорот за добрососедство, како и новоотворените фирми на фамилијата Заеви во Бугарија по доаѓањето на власт.

Она што во целиот овој процес е посебно значајно е пробивањето на Бугарија кај македонската десница.

Практично, постојат два фронта на пробивање.

Првиот е преку тајните служби по доаѓањето на Заев на власт, кога дојде до директно стопирање на сите оперативни активности на македонските безбедносни служби по однос на следење на бугарските активности на македонска територија.

Одеднаш преку ноќ, македонското МВР, со незаконски распоредените нови фукнционери во УБК го смени фокусот.

Наместо следење на активности на странски агенти започна антимакедонска хистерија на масовно следење на активностите на македонската десница под превезот на десен екстремизам и национализам.

Вториот фронт го предводат двајца бугарски политичари, европратениците Ангел Џамбаски од ВМРО-БНД и Андреј Ковачев од ГЕРБ. Овие двајца политичари изминатите неколку години профилираат и помагаат млади десничари и конзервативци од Македонија како алтернатива на ВМРО-ДПМНЕ.

Главната теза на ова ново движење е: ние сме ВМРО, ама не ДПМНЕ. Ова остава широк простор за идентификување на сите оние што се некакви родољуби и конзервативно настроени личности во Македонија да бидат насочени кон некаква ново настроена десница, за која бугарскиот аспект на историјата на македонскиот народ треба еднаш засекогаш да фати корен во Македонија.

Главните истурени играчи кои на социјалните мрежи се поврзуваат со двоецот Ковачев-Џамбаски во Македонија се 6 граѓани со двојно државјанство кои имаат пристап до фондови и информации под контрола на владата или владини субјекти во Софија и кои истите ги користат за тивка “Бугаризација” на Македонија. Нивните имиња се добро познати на информираната јавност а некои од нив освен на порталите се присутни на ТВ дебати со цел создавање на привид дека се релевантна политичка структура и дека “Бугарија само што не влегла во Македонија”.

Овие млади личности делуваат како независни oppinion makers, колумнисти, како дел од раководството или блиски на политичката партија ГДУ, движењето conservative.mk, лични но и организирани Фејсбук и Инстаграм профили како “Приказни од Булеварот” и “Боемот”.

Заедничко за сите нив е жестокиот напад кон опозициската ВМРО-ДПМНЕ и речиси симболичната критика на власта на Заев.

Иако се политички маргиналци со слаб рејтинг, благодарение на бугарските ментори, фондови и дел од порталите и групите на социјалните мрежи блиски до Заев, тие добиваат неприродно големо внимание.

Опасноста од некое нивно идно влијание лежи и во анти-турските но и проруските релации на нивните бугарски ментори.

За партијата ВМРО-БНД во Бугарија постојат информации до јавноста дека е делумно финансирана од руски пари, а неодамна на локалната централа на таа партија во геадот Сливен освен бугарското беше развиорено и руското знаме.

Запрашан во кампањата дали се залага за санкции на ЕУ против Русија, Џамбаски одговори дека тоа би требало да е предмет на преговори. Дополнително, ВМРО-БНД во Бугарија јавно зборува дека води кампања за “спречување на циганизацијата на Бугарија”.

Дали сите овие крајно контроверзни и шовинистички ставови на Џамбаски и Каракачанов се и ставови на нивните истурени играчи во Македонија е прашање кое заслужува одговор.

Посебен проблем се луѓето кои се дел од мрежата на контакти преку кои се издаваат бугарски државјанства на Македонците.

Македонија се наоѓа во фаза во која од бугарска страна и се демонтира целокупната колективна меморија и историја. Под знак прашање е доведен идентитетот на неспорно обединувачкиот лик на македонската левица и десница, а тоа е Гоце Делчев.

Борисов фронтално преку Заев, потпомогнат од Захариева и Димитров, го понижуваат македонскиот револуционерен великан, а Каракачанов, Џамбаски и Ковачев тоа се обидуваат да го сторат странично, преку локални “конзервативни” маргиналци.

Сето тоа се прави исклучиво на штета на најсветите македонски национални интереси, кои заради “Франкенштајн мандатот” на Заев да ја води државата, многу е веројатно дека ќе бидат евтино распродадени.

Поддржувачите на Џамбаски во Македонија досега не изјавиле ниту збор дали и тие се залагаат за процесите на “анти-циганизација и анти-турцизација” за кои пред нецел месец зборуваше еден од нивните шефови во Софија и Брисел.

Тим expres.mk