Евтини проститутки, Канал 5 бара извинување од Советот на Европа за наводни антибугарски навреди или ќе следува тужба

Во овраќање насловено како ,,Евтини проститутки” директорот на Канал 5 телевизија Иван Мирчевски бара повлекување и извинување од најстарата европска органзација Советот на Европа за извештај во кој телевизијата се критикува како место каде се користат антибугарски навреди и се води навредлива дебата за Бугарите.



Мирчевски кој својата порака ја упатува и кон шефицата на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен од Комисијата за нетолеранција и расизам при Советот на Европа која го објавила извештајот бара да се повлечат оценките кои се добиени преку озборување инаку во спротивно Канал 5 ќе покрене тужба против Советот на Европа.

Во свој извештај за случајот Канал 5 објавува дека бугарките се претставуваат како „евтини проститутки“.

,,Ова е само дел од забелешките кои се најдоа во најновиот извештај на Европската комисија против расизам и нетолеранција, тело при Советот на Европа.

Во дел од извештајот се наведува и дека Комисијата слушнала обвинувања дека дел од шпсочените навредливи термини повремено се употребуваат и на Канал 5 Телевизија. По оваа констатација не е наведени кој е изворот на информациите дека Бугарите се навредувале на Канал 5, кој го направил тоа, што точно е кажано, кога и слично. На ваквиот збунувачки и нејасен извештај регираше директорот на Канал 5 Иван Мирчевски.

Во недостаток на изнфомации зошто, каде и како се навредувале Бугарите на Канал 5, единствено може заклучи дека ваквото означување на телевизијата е направено од ставовите на некои од гостите на емисијата Само Вистина.

Во овој контекст Канал 5 е предводник на демократизацијата на Медиумите, а тоа го потврдуваат и македонските Бугари со кој телевизијата има одлична соработка години наназад.

Секако во дел од дебатите имаше остри тонови и се кажани работи кои можат да се разберат како навреди, кон Бугарите, но и кон Македонците, а бидејќи се работи за програма во живо телевизијата веднаш се оградила од истите..

Зошто селективно се земени предвид кажаните работи, засега е непознато, но Канал 5 наместо да добие признание за афирмирањето на ставовите на нашите граѓани со бугарска самоствест, без никакви докази се посочува како медиум на кој се навредуваат Бугарите”, стои во реакцијата на Канал 5.

Доколку Советот на Европа не се повлече од своите оценки во извештајот на ЕКРИ кој се базира на озборување наскоро ќе ја видиме првата тужба од македонски медиум до Советот на Европа.