Евровизија: Братот Косово, сестрата Албанија и мајката Голема Албанија

„Ние сме иста крв, од иста националност, Косово и Албанија се како брат и сестра, а имаме мајка која е Голема Албанија. Веќе ја видовме големата љубов и поддршката што ни ја даваат деновиве ќе дознаеме кога ќе се вратиме таму“, изјави една од изведувачките на песната „Дује“ по настапот на дуетот Аљбина Кељменди од Албанија и Фамиља која е од Пеќ, Косово.



По пласманот во финалето на Евровизија, на прес-конференцијата следеа прашања од новинарите, а по тој повод беше изречена реченицата во која се споменува „Голема Албанија“.

„Не зборувам добро англиски… Сите сме многу среќни и многу горди на нашите Албанци, на мојата земја…“, рече Аљбина.