Еврото „се лизна“ во однос на доларот

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест главни светски валути, минатата недела зајакна за 0,6 отсто, на 98,78 поени.



Курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна за 2,4 отсто на 122,05 јени и е околу највисокото ниво во последните шест години.

Американската валута зајакна и во однос на европската валута, па цената на еврото се лизна за 0,6 отсто на 1.09985 долари, пренесува Фактор.

За да ја ограничи инфлацијата, Федералните резерви на САД неодамна ги зголемија клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени и станува сè појасно, според голем број претставници на централната банка, дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,50 процентни поени на следната седница во мај.

Поради ова, но и војната во Украина, која ќе го забави растот на економијата на еврозоната, еврото ослабе.

„Комбинацијата на долгорочни ризици поврзани со Русија, високите цени на енергијата и разликите во монетарната политика на ФЕД и Европската централна банка (ЕЦБ) продолжува да укажува на послаб наместо посилен девизен курс на еврото во однос на доларот. “, велат аналитичари.