Во август Португалија го зголеми увозот на руски стоки речиси десет пати, додека Франција го зголеми увозот за една четвртина, а Германија повторно е на врвот на листата на најголеми увозници, според анализата на податоците од националните статистички заводи во Европската унија.
Рускиот увоз во Франција во февруари беше во вредност од 1,8 милијарди евра, но оттогаш се намалува веќе пет месеци.
Се зголемуваат и купувањата на руска стока од Летонија (44%), Австрија (27%), Шпанија (27%), Грција (15%) и Словачка (6%).
Но, има и такви кои го намалија обемот на рускиот увоз – Словенија (минус 60%) и Ирска (минус 63%).
Германија ја врати титулата најголем увозник на руски стоки во август, откако беше престигната од Италија во јули – испораките овде пораснаа на 2,7 милијарди евра во споредба со 2 милијарди евра во Италија. На трето место е Холандија со увоз вреден 1,5 милијарди евра. (NOVINITE.BG)






