Европската комисија купи 200 роботи за дезинфекција, кои ќе бидат доставени до голем број болници во Европа, како дел од напорите за справување со ширењето на коронавирусот и обезбедување на потребната опрема на земјите-членки,
Болниците во повеќето земји-членки изразија потреба и интерес да ги добијат овие роботи, кои можат да дезинфицираат стандардни простории за пациенти со помош на ултравиолетова светлина, во рок од 15 минути.
На овој начин, тие помагаат во спречување и намалување на ширењето на вирусот, соопшти ЕК.






