Редовниот состанок на Европскиот совет, кој ќе се одржи денес и утре ( 23 и 24 јуни) во Брисел, ќе се фокусира на барањата на Украина, Молдавија и Грузија за членство во ЕУ.
Украинскиот претседател Зеленски е уверен во поддршката на ЕУ за членството на Украина во ЕУ. Тој верува дека сите 27 земји од ЕУ го поддржуваат Киев.
Европскиот совет ќе одржи стратешка дискусија за односите на ЕУ со нејзините партнери во Европа и начините за промовирање на политичкиот дијалог и зајакнување на безбедноста, стабилноста и просперитетот на европскиот континент.
Во текот на дискусијата ќе се разговара за предлозите на претседателот на Франција Емануел Макрон за создавање на европска политичка заедница.






