Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола покрена процедура против европратеникот Ангел Џамбазки, откако тој упати „нацистички поздрав“ во пленарната сала во Стразбур, пренесе бНР.



Мецола рече дека таквото однесување е никаде неприфатливо и дека таквиот гест е дел од најтемниот дел од нашата историја.

Инцидентот се случи откако Џамбаски вчера зборуваше на дебата за владеењето на правото по пресудата на Европскиот суд на правдата која и дозволува на Комисијата да ги скрати средствата од прекршителите на земјите-членки.

Џамбазки рече дека тоа нема никаква врска со владеењето на правото, туку омраза кон народите и ја обвини ЕУ дека се обидува да ги заплаши Полска и Унгарија.

„Да живеат Орбан, ФИДЕС, Качински, Бугарија и сите национални држави“., рече тој.

Самиот Џамбазки ги негира обвинувањата и ги обвинува колегите за „либерална клевета“. Тој наведува дека неговиот гест бил едноставно знак за збогум.