Европскиот парламент на страна на демонстрантите во Бугарија

Европскиот парламент (ЕП) усвои резолуција за Бугарија во која се критикува владата на Бојко Борисов која граѓаните ја обвинуваат за корупција и на улиците со месеци бараат оставка од неа.



– Солидарност со барањата за правда, транспарентност и демократија

– Европратениците го осудуваат полициското насилство врз демонстранти и новинари, загрижени за нелегална ревизија на приватни компании

– Загриженост за процесот на уставните реформи и плановите за промена на изборниот закон пред изборите, стои во Резолуцијата.

Во резолуцијата се изразува „недвосмислена поддршка за бугарскиот народ и неговите легитимни барања и тежнение за правда, транспарентност, одговорност и демократија“.

ЕП изрази загриженост поради усвојувањето на новиот изборен закон седум месеци пред парламентарните избори во Бугарија.

Европската комија и претходно изрази загриженост за независноста на правосудството во Бугарија и го критикуваше недостатокот на уверливите резултати од правосудството во борбата против корупцијата.