Во последен момент парламентарните групи на Социјалистите и на Зелените предложиле корекции на Извештајот за С. Македонија во Европскиот парлемент, а амандманите се „со исклучително неизбалансирана, еднострана и неправедна содржина кон Бугарија“, оценува БГНЕС.
„Со предложените корекции се обвинуваат членови на бугарската влада за провокативни изјави во однос на историски прашања кои ја засегаат с. Македонија и во таа насока се повикуваат бугарските власти да се воздржат од такво однесување за време на предизборната кампања во Бугарија. Текстот како да е напишан по порачка на властите во Скопје. Во него дури се потенцира ‘зрелиот и балансиран одговор на бугарските провокации од страна на македонската влада“, пишува „БГНЕС“.
Иако се само од консултативен карактер, извештаите на ЕП за напредокот на земјите кандидатки се јасен израз на расположението на политичките сили во Европарламентот, заклучува „БГНЕС“.







