Европски совет со соломонско решение за македонскиот јазик

Откако се крена голема врева во Македонија по бришењето на македонскиот јазик и наместо него користењето на формулацијата „јазик на поранешната југословенска Република Македонија“ во понудата за превод на Декларацијата од самитот во Софија завчера, Европски совет на својата вебстраница примени соломонско решение.



Наместо во понудата да стојат петте јазици на земјите од Западен Балкан – албански, српски, црногорски, босански и македонски, сега во понудата стојат линкови до преводите на Декларацијата напишани на јазикот на соодветната држава, но без да се именува тој. Така, кај линкот со преводот на македонски пишува „Декларација од Софија“ на кирилица.

Покрај на петте наведени јазици, Декларацијата од самитот „ЕУ – Западен Балкан“ на истата страница ја има и на англиски.