Европската Комисија денеска ќе го објави нацртот на ревидираната методологија на преговарачкиот процес за проширување на ЕУ.
Со новата методологија на Европската комисија се овозможува запирање или враќање во пристапните преговори во случаи кога земјите кандидати не напредуваат во кое било поле кое е опфатено во пристапниот процес. Државите членки на ЕУ ќе имаат поголема моќ да иницираат суспензија на пристапните преговор
Овој предлог треба да биде прифатен од земјите членки на ЕУ, најрано кон крајот на овој месец, а Европската Комисија за две седмици ќе ги објави и извештаите за реформскиот напредок во С. Македонија и Албанија.
Доколку земјите членки се согласат со новата методологија и оценат дека реформите се исполнети тогаш има шанси за зелено светло за преговори на самитот во март во Брисел.
Останува да се види како ќе реагираат земјите членки, посебно Франција, Холандија и Данска, кои блокираа во октомври.




