Европската комисија кажа дека договорот со „Бехтел и Енка“ е коруптивен

Извештајот на Европската комисија констатира дека власта го заобиколува Законот за јавни набавки, а договорите во четири очи го јадат системот, посочува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение. Директното доделување на договорот за изградба на Коридорите 8и 10д предизвикува загриженост бидејќи го ослободува проектот од примена на Законот за јавни набавки – наведува ВМРО-ДПМНЕ.



ЕК нотира дека властите треба да воведат поефикасни антикорупциски мерки во текот на целиот циклус на набавки. Во Извештајот јасно е посочен договорот за автопатите како проблематичен. Јасно се вели: Директното доделување на договорот за изградба на коридорите 8 и 10д предизвикува загриженост бидејќи го ослободува проектот од примена на законот за јавни набавки. Заобиколувањето на Законот за јавни набавки, нереформираната администрација и корумпираното судство ја носат државата надолу. Со СДС и ДУИ Македонија го доби најлошиот Извештај во нејзиното постоење“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.