Европската агенција за лекови (ЕМА) изрази сомневање за потребата од четврта доза од вакцината против коронавирус и рече дека во моментов нема докази за поддршка на пристапот, објави Ројтерс.
„Иако употребата на дополнителни засилувачи може да биде дел од плановите за вонредни состојби, ревакцинацијата на кратки интервали не би била одржлива долгорочна стратегија“, рече менаџерот за стратегија за вакцини на ЕМА, Марко Кавалери.
Според него, примената на бустер дози на секои четири месеци хипотетички создава ризик од преоптоварување на имунолошкиот систем и доведува до замор кај населението.






