Европскиот Атлас на предрасуди кој функционира од Руско – Украинската гасна криза во 2009 година дава увид за стереотипите кои Европјаните ги имаат воопшто а најновото издание се однесува на прерасудите кои се создаваат врз основа на информативниот хаос за време на пандемијата на Ковид19 во Европа која се соочува со процес на зголемени недоразбирања меѓу земјите.
Целта на мапата според бугарскиот составувач Јанко Цветков има за цел да ги насмее Европјаните иако голем дел од нив можат и да се навредат.
За Цветков сите прашања што се појавија во најновата криза се легитимни затоа што луѓето сакаат да добијат соодветни информации.
“Кога Ковид19 цунамито ја девастираше Југоисточна Европа граѓаните побрзаа на интернет да бараат податоци за да можат инстантно да ја задоволат жедта за лесни објаснувања кои по можност ќе ги потврдат нивните стари предрасуди”, пишува Цветков кој открива дел од прашањата кои се актуелни меѓу луѓето:
Дали Италијанците соодветно се грижат за хигиената, дали Мадрид има многу жртви затоа што Шпанците не се внимателни и не користат кондоми при секс. Дали раликата во смртноста меѓу Германија и Италија е дефинитивен доказ дека Ариевската раса ќе ја завладее земјата?
Цветков се надева дека корона кризата ќе помогне да се смени арогантниот однос кон експертите затоа што комплексноста на проблемот со кој се соочуваме е надвор од личната имагинација а информациите кои ги добиваме се ништо без соодветна анализа.
Додека таква анализа дојде авторот гомпрепорачува Атласот на предрасуди за да се насмееме во тешките времиња.
Според неговата сатирична мапа која тргнува од југот на Европа а ја опишува и Русија има неколку категории луѓе кои вкрстуваат различни држави.
Па така во Атласот има бакнувачи на образи и икони, зае*ани лавабоа,плукачи на среќа, имуни социопати, рачни поздравувачи и социјално дистанцирани.
И тие што не знаат англиски лесно ќе ги препознаат предрасудите кои се појавија во контекст на корона кризата.






