Милјана Релјиќ ѝ донесе на Македонија бронзен медал од Европското првенство во таеквондо до 21 година што се одржа од 7 до 10 декември во Романија.
На патот до делбата на третото место во категоријата до 62 килограми Релјиќ во Букурешт ги совлада Дора Мештровиќ од Хрватска со 2:1 во рунди, Дафне Стаму од Грција исто така со 2:1, во борбата за медал славеше над Јулија Шпак од Полска со 2:0, резултат со кој во полуфиналето загуби од подоцнежната шампионка Вивијана Мартон од Унгарија.
Среброто ѝ припадна на Унгарката Луана Мартон, а бронза освои и Шпанката Ирене Монтемуино.






