Европратеници собираат потписи за да ја казнат Унгарија

Петицијата покрената од финскиот европратеник Петри Сарвама упатена до претседателката на ЕП Роберта Мецола се инсистира на преминување во втората фаза од кривичната постапка против Унгарија односно одземење на правото на глас на оваа членка на ЕУ.



„Тоа е сега или никогаш. Машинеријата за одлучување на ЕУ едноставно е заглавена поради унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Единствениот начин да се успее е да се одземе Орбан од правото на глас во Советот . Во исто време ќе покажеме дека во ЕУ не е дозволена уцена“, напиша Петри Сарвама на социјалната мрежа ‘Х’.

Барањето значи да се констатира „сериозно и трајно прекршување“ од страна на Унгарија на основниот договор.

Во втората фаза од постапката, Европската комисија или една третина од партиите (по одобрување од двотретинско мнозинство во Европскиот парламент) може да ја повикаат Унгарија повторно да се појави за објаснувања пред Европскиот совет. Европскиот совет тогаш мора едногласно да одлучи да премине на член 7.3 (третата фаза), т.е. одземање на правото Унгарија да гласа.

Прекршокот на Унгарија се состои во систематски неуспех да се почитува владеењето на правото поради авторитарното владеење на премиерот Виктор Орбан и неговата партија ФИДЕС.

Во моментов, поради оваа причина, две третини од европските фондови за Унгарија (22 милијарди евра) се замрзнати според Механизмот за поврзување на финансирањето на ЕУ со владеењето на правото.

Орбан има и други гревови кои не се формално пропишани во Договорот за ЕУ, но го попречуваат функционирањето на Советот на ЕУ.

Тој се противи на општите политики за санкционирање на Русија, која ги прогласи државите на ЕУ за непријателски настроени откако ја нападна Украина.

Неговото вето го спречи Европскиот совет да гласа во декември 2023 година за помош од 50 милијарди евра за Украина во следните 4 години.

Тој беше единствениот европски лидер кој јавно се ракуваше со рускиот претседател Владимир Путин, откако Меѓународниот кривичен суд го прогласи за баран воен злосторник, потсетува бугарсѝки „Сега“.

Доколку се одземе правото на глас, државата останува членка на ЕУ, е должна да ги спроведува нејзините одлуки, но не учествува во нивно креирање.

Со оглед на тоа што нема процедура за излез од ЕУ, земјата самата треба да одлучи дали ќе остане членка на организација на која не влијае нејзиното мислење или ќе ја напушти доброволно, како што направи Британија.