Европратеници бараат мониторинг на случајот Камчев преку Делегацијата на Европската Унија во Скопје и одговор од Европската комисија за континуирано кршење на неговите човекови права, брифираат извори во Европскиот парламент а потврдуваат од одбраната на Јордан Камчев.
Четворица пратеници на Европскиот парламент покренуваат прашања до Европската комисија во врска со незаконскиот притвор на Јордан Камчев и континуираното кршење на неговите основни човекови права.
Прашањата кои тие ги покренуваат до Европската комисија се однесуваат на тоа како Европската комисија планира да ја насочи поддршката на Европската Унија за Македонија доколку постои контиунирано кршење на човековите права во земјата и докази за полициска бруталност.
Во тој контекст, четворицата пратеници на Европскиот парламент поставуваат конкретни прашања пред Европската комисија за случајот Јордан Камчев кој е обвинет за финансиски мотивирани, ненасилни злосторства, но е притворен под животно загрозувачки услови и покрај тоа што боледува од вродена срцева болест.
Постапката укажува на незаконски контекст (жалба за белешка од тајната служба, потенцијално пристрасен одговорен обвинител, 8 продолжувања на 30-дневен притвор, злоупотреба на фотографии од притворениот на неодамнешните избори од страна на владејачката партија…).
Дополнително, неразбирлива е и одлуката покрај независните медицински препораки властите да одбијат да го преместат притвореникот во домашен притвор.
Во истите прашања тие потсетуваат и на пресудата на Европскиот суд за човекови права против С. Македонија за докажана мотивирана полициска бруталност во случајот со г-дин Фатмир Мемедов.
Во прашалникот до Европската комисија овие четворица пратеници бараат мониторинг на случајот против Јордан Камчев преку Делегацијата на ЕУ во Скопје и бараат конкретни одговори на прашањата во однос на тоа како Комисијата планира да ја насочи поддршката на ЕУ за Македонија со цел да се елиминира повторно кршење на човековите права?
Исто така, на кој начин Комисијата ќе го поддржи унапредување на полициските методи во Македонија со оглед на доказите за расистички мотивирана полициска бруталност?
По најновите барања од Стразбур се отвара прашањето дали Комисијата ќе ја следи постапката на Камчев од страна на Делегацијата на Европската Унија во Скопје и ќе ги повика македонските власти целосно да ја почитуваат Европската конвенција за човекови права?






