Европратеничка на Меркел контра планот на Заев за избори по секоја цена

Европарламентарката Марион Валсман која доаѓа од партијата ЦДУ на германската канцеларка Меркел, бара политичките партиите во земјата треба да му испратат порака на единство и лидерство на народот и заедно да дејствуваат да се најде нов датум за одржување на изборите, бидејќи безбедноста на граѓаните е на првото место.



Европратеничката е потпретседател на Комисијата за правни работи на Европскиот парламент и член на делегацијата на ЕП за Македонија.

Валсман во својот твит истакнува дека во моментов станува збор за период на неизвеснот, имајќи ги предвид податоците од последните десет дена кои покажуваат постојан раст на заболените и починатите во епидемијата на коронавурисот.

Исто така, Валсман е една од тројцата известувачи во ЕП за Македонија. Нејзината реакција доаѓа откако во средата вечерта Владата предводена од техничкиот премиер Оливер Спасовски од СДСМ, донесе одлуката да се направи измена во Уредбата за изборниот процес.