За време на заедничка операција на белгиската, холандската и германската полиција, уапсени се „17 кралеви на кокаинот“ во врска со запленета нарекордна количина дрога во пристаништата во Хамбург и Антверпен, соопшти полициската организација на Европската унија, Европол.
Како дел од операцијата во трите земји, федералната и областната полиција изврши рација на 5 локации и конфискуваше четири домови, четири автомобили, електронска опрема, часовници и 5,5 милиони евра во готовина.
Единаесет обвинети се приведени во Германија, пет во Белгија и тројца во Холандија, се вели во соопштението на организацијата со седиште во Хаг.
Според Европол, оваа интервенција била насочена кон европската и јужноамериканската инфраструктура за опијати и перење пари на огромната мрежа за шверц.
Апсењата се поврзани со заплената на 34 тони кокаин во февруари минатата година во Хамбург и Антверпен, вреден рекордни милијарди евра.
Во текот на истрагата, откриено е дека оваа илегална група имала потенцијал да испрати голем број пакувања од повеќе тони кокаин во Европа за само неколку месеци.






