Европарламентарец: Ако влезе, ,,геноцидната” Македонија ќе стане тумор на ЕУ

Македонија ќе биде тумор ако влезе во ЕУ затоа што вршела геноцид врз Бугарите, тврдел бугарски пратеник во Евро-парламентот.



Како што напиша на Твитер дописничката на МИА од Брисел Тања Милевска, бугарскиот пратеник во европарламентот Андреј Петров Слабаков рекол дека во Македонија се врши геноцид врз Бугарите и додал дека доколку стане членка, Македонија ќе биде тумор во пазувите на Европската унија.

Како што забележува Милевска, ова е јасен доказ колку се бесмислени изјавите на бугарските пратеници, кои ем навредуваат ем притоа ја обвинуваат токму Македонија за говор на омраза.