Европејците повеќе за Меркел отколку за Макрон

Најново истражување покажува дека кога би гласале за „претседател на ЕУ“, повеќе европејци би се определиле за Ангела Меркел и Емануел Макрон доколку се тие единствени кандидати.



Анкетата била спроведена во 12 членки на ЕУ, вклучително и Франција, објави Европскиот совет за надворешни работи (ЕЦФР).

Генерално, 41 отсто од испитаниците би гласале за Меркел и само 14 отсто за Макрон, се вели во студијата на независниот тинк -тенк ЕКФР.

Се наведува дека поддршката на Ангела Меркел се разликува од земја до земја, па на пример 58 проценти од Холанѓаните, 57 проценти од Шпанците и 52 проценти од Португалците би гласале за Меркел, а само 31% во – Бугарија.

Макрон би добил најмногу гласови во Унгарија, 24 проценти, но повторно помалку од Меркел, за која дури 44 проценти од Унгарците би го дале својот глас на хипотетичките избори за претседател на Унијата.