Високиот претставник за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, денеска се обрати пред европските пратеници во пресрет на претстојниот Европски Совет на кој главна тема ќе биде Турција и тензиите со Грција, јави дописничката на МИА од Брисел.
Шефот на европската дипломатија предупреди дека се враќаат „големите империи од минатото“.
„Европа се соочува со ситуација во која големите империи се враќаат, најмалку три од нив, Кина, Русија и Турција, големите империи од минатото се враќаат со пристап кон нивното непосредно соседство, но и глобално и ова претставува нова средина за нас“, изјави Борел, додавајќи дека Турција е „еден од овие елементи“.






