Европа се подготвува да прими украински бегалци

Централноевропските земји се подготвени да прифатат бегалци од Украина, пренесува Ројтерс.



Полска постави пунктови за прием долж својата граница, а Унгарија планира да испрати војници за да воспостави коридор за бегалци.

Сите земји од источното крило на Европската унија некогаш беа дел од Варшавскиот пакт со кој командуваше Москва, а сега се членки на НАТО.

Меѓу нив се Полска, Унгарија, Словачка и Романија кои имаат копнена граница со Украина.

Денешниот напад на Русија врз Украина ги потврди најлошите стравови на Западот од огромен прилив на луѓе кои бегаат од Украина, земја со 44 милиони жители.