Европските држави сами создадоа услови за прилив на мигранти, изјави рускиот претседател Владимир Путин, коментирајќи ја ситуацијата со бегалците на полско-белоруската граница.



„Тие се виновни за ова: од политички, воени и економски причини. Тие самите создадоа услови да одат илјадници и стотици илјади луѓе. И сега бараат виновници за ја префрлат одговорноста за она што се случува“изјавил Путин, пренесуваат агенции

Рускиот претседател тврди дека Русија нема „апсолутно никаква врска“ со кризата.

Тој е изненаден и од споменувањето на руската државна авиокомпанија Аерофлот во контекст на можните европски санкции.

„Што заедничко со ова има нашиот Аерофлот? Дали барем еден авион на Аерофлот превезол некого со авион во Белорусија“ прашува Путин. „Што имаме заедничко? Повторувам: ова е желба да се ослободат од одговорноста за она што се случува сега“, повтори Путин.

Претходно и Турција отфрли било каква поврзаност со бегалската криза на полско-белоруската граница

„Обвинувањето на Турција или нејзината национална авиокомпанија за хуманитарната криза на границата на Полска со Белорусија е „погрешно“ изјави за АФП главниот советник за надворешна политика на претседателот Реџеп Таип Ердоган.