Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека увозот на енергенси од Русија е клучен за секојдневниот живот на европските граѓани и оти во моментот континентот не може да ги обезбеди на друг начин.
Германија се противи на ембарго за рускиот гас, нафта и јаглен
Во соопштение германскиот канцелар објави:
„Додека во САД и во ЕУ се разговара за санкции против руските енергетски извори како одговор на инвазијата врз Украина, снабдувањето на енергија на Европа за греење, мобилност, електрична енергија и индустрија во моментов не може да се гарантира на кој било друг начин“.
Шолц уште вели дека „Германија е меѓу оние земји од ЕУ кои се во голема мера зависни од увоз на гас, нафта и јаглен од Русија. Берлин работи на развивање алтернативи за руската енергија. Но, тоа не може да се постигне од денеска за утре“.
САД ќе ги олесни санкциите кон Венецуела – во замена на нафта
Додека американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вчерашното интервју за телевизијата Ен-Би-Си изјави дека САД и европските партнери размислуваат за забрана на увоз на руска нафта.






