Mинистерот за правда на Чешка, Павел Блажек, изјавил дека Европа ќе се соочи со револуција, пишува порталот “Index.cz”, а пренесува “Sputnik”.
Според него, растот на цените на енергентите во Европа го загрозува постоењето на Европската унија, како и политичкиот систем на Чешка.
Вели дека ситуацијата во социјалната и политичката сфера не била подраматична од 1989-та година.
„Ако не биде пронајдено решение за кризата на европско ниво, тогаш Европската унија како таква ќе биде во опасност“, рекол Блажек.
Чешка, која до крајот на годинава претседава со Советот на на ЕУ, свикала итна седница на министрите за енергетика на ЕУ за да се разговара за мерките за решавање на ситуацијата во енергетиката.
Енергетската криза ја погоди Европа и граѓаните ќе мораат да штедат. Погодени се Франција, Германија, и многу други држави.





