
Што се однесува до самите препораки на УНЕСКО, имате две различни визии кои што се однесуваат на оваа локација. Првата визија е да се сочува сето природно и културно наследство со кое изобилува овој регион и локација каде туризмот ќе може да се развие, луѓето да можат да живеат и да го сочуваат сето свое богатство, ова го изјави евроамбасадорот Дејвид Гир.
– И се разбира постои друга визија, а тоа нелегалниот див развој, или диви градби, една визија која ќе го уништи сето тоа што ние сакаме да го зачуваме, а тоа е природното и културно наследство кое постои тука, додаде Гир.
Според него наше е да одлучиме дали ќе се посветиме на заштита на Охридскиот регион или на дивоградбите.
Ова доаѓа непосредно по најавената мониторинг мисија на тим на УНЕСКО на Охридскиот регион и одлуката дали Охрид ќе се најде на листата на загрозени подрачја.





