ЕВН: Нема неправилности со кабелот што излегува од броило за струја на Ахмети

Австриската компанија ЕВН која е надлежна за броилата за струја на крајните корисници тврди дека нема неправилности со кабелот за струја за кој јасно се гледа дека излегува од орманчето на лидерот на ДУИ Али Ахмети.



“Експертите на Електродистрибуција уште истиот ден од објавата во медиуми излегоа на теренска контрола во домот на г. Ахмети”, реагира ЕВН на објавата на expres.mk во која беше објавено дека ЕВН не направила контрола на броилото на Ахмети.

ЕВН не реагираше на информацијата за броилото на Ахмети до expres.mk за да информира за скандалот ниту на својот сајт објави соопштение дека било проверено броилото на Ахмети.

“Екипите на Електродистрибуција по спроведена контрола на броилото во просториите на домот на Претседателот на ДУИ, г. Али Ахмети, утврдија дека нема неправилности во користењето на електричната енергија.
Продолжениот кабел е поврзан измеѓу броилото и објектот , што значи дека потрошувачката во целост се регистрира од страна на броилото”, пишува во реакцијата на Селими Вјоса од ЕВН.

ЕВН во штурото објаснување не дава одговори на повеќе други важни прашања поврзани со скандалот со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Повеќе информации

ЕВН не нашла грешка во кабелот на броилото на Ахмети (ДПЛ)