ЕСМ Продажба почна постапка за набавка на природен гас за потребите на топланите за греење на градот Скопје за периодот јануари-април.
Испратени се покани за достава на понуди до активните лиценцирани компании за трговија и снабдување со природен гас во земјава и повикот е објавен и на веб страната на АД ЕСМ.
Целта на повикот е да се изберат квалификувани понудувачи со кои ќе се склучи рамковен договор за потребните количини на природен гас за периодот 01.01-30.04.2023.
Се очекува конечен договор за набавка на природен гас да биде склучен кон крајот на декември.







