ЕВН соопшти дека денеска повторно се одржа успешен состанок меѓу претставници на ЕВН и претставници на селото Слупчане.
На состанокот се финализираа техничките детали за реализација на проектот за реконструкција и модернизирање на мрежата.
Во понеделник ќе се одржи последниот состанок, по кој следува спроведувањето на проектот, стои во кусото соопштение од австриската компанија.
Од ВМРО-ДПМНЕ бараат да се обелоденат детали од договореното односно дали владата, којашто се вмеша во овој должничко доверителски спор, е гарант за жителите на Слупчане дека ќе добијат отпис на долговите, или гарант за ЕВН дека ќе ги наплатат парите.
Објавена е целата листа со барања на Слупчанци, бараат статус на привилегирана каста

„Дали владата е гарант дека во Слупчане ќе се добие гарантирана месечна наплата за струја, како што бараат од 3.000 денари без разлика колку се троши? Дали владата можеби ќе им ги плати долговите на слупчанци кон приватна фирма, бидејќи парите на крајот сепак ќе бидат наплатени?Дали владата ќе дозволи можеби повисока сметка на струја на државно ниво за да се покрие таа разлика?“, праша на денешната прес-конференција Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.







