ЕВН: Дел од семафорите во Центар утре без струја неколку часови

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 24.12.2021 година (петок), во периодот од 08:00 до 15:30 часот, ќе има вонредно исклучување на неколку локации во ОпштинаЦентар.



Поради тоа без струја ќе бидат семафорите на раскрсница кај Веро Џамбо, ул. КЕЈ 13-ти Ноември, ТС Правен Факултет и ТС 8, ул. Мирче Ацев, делот кај паркингот Холидеј ин и околината.