,,Everest today” потсети на Мурато, првиот Македонец на ,,врвот на светот”

Највлијателниот твитер профил кој објавува информации за планинарски експедиции на Монт Еверест денеска потсетува на првиот Македонец кој се искачил на врвот на светот Димитар Илиевски-Мурато.



,,На денешен ден, 10.05.1989 година, се случи првото македонско искачување на Монт Еверест (8848,86 м) кое го оствари Димитар Илиевски-Мурато. Тој почина на истиот ден при спуштање, на 35-годишна возраст”, пишува Everest today, Твитер профил кој има стотина илјади следбеници и важи за највлијателен извор на информации за експедициите кои го освоиле врвот на светот.

Мурато во твитот не запишан како Југословен или Северно Македонец туку како Македонец.

Повеќе за подвигот и трагедијата на првиот Македонец на Монт Еверест

Ден кога Мурато пред 34 години стана бесмртен како прв Македонец на Монт Еверест