Владата на Македонија денеска ја објави листата на компании кои земале државна финансиска помош за минимална плата, но не ја исплатиле на своите вработени.



245 работодавачи добиле опомени за неисплатена плата, со напомена дека ако не ја исплатат во рок од една седмица ќе следи присилна наплата на плата со блокада на нивната сметка и пренос на трансакциските сметки невработените лица.

Од компаниите кои не исплатиле плати во ноември, 43 се од дејноста трговија на мало кои не им исплатиле плата на 84 вработени, 37 фирми за подготвување оброци и служење храна и не им исплатиле на 108 вработени, а 22 фирми се од транспортот кои не исплатиле плати на 127 работници. Најмногу од фирмите се од Скопје 73, потоа Тетово 22, Гостивар 10 и други.