Првата група цивили беше извлечена во текот на ноќта од сабота кон недела од фабриката за челик „Азовстал“, последнито упориште на украинскиот отпор во Мариупол, источна Украина.
Излегувањето на дваесетина цивили од подземјето на овој огромен индустриски комплекс изненади многумина бидејќи сите претходни обиди за евакуација пропаднаа во пристанишниот град на југоисток, речиси целосно уништен по неколкунеделна опсада.
Азовскиот полк, кој ја брани оваа индустриска зона, јавува за „дваесет цивили, жени и деца“, Пренесе УКРИНФОРМ
Неколку часа претходно, руската официјална новинска агенција Тас објави дека група од 25 цивили, меѓу кои шест деца, успеале да излезат од Азовстал, од подземните галерии кои датираат од советската ера.







