Еуростандард: Оштетените штедачи се пожалија кај Пендаровски

На средбата Преставниците на Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка, денеска го запознаа претседателот на државата Стево Пендаровски со нивните барања за целосно парично обесштетување на оштетените физички и правни лица депоненти во Еуростандард банка, по одлуката за укинување на дозволата за основање и работење на банката.



Претседателот Пендаровски ги истакна своите заложби сите евентуални криминални дејствија сторени од кој било субјект да се разрешат во соодветна законска процедура од страна на надлежните органи.