„Јуроп електс“: Опозицијата со огромна предност пред СДСМ, ДУИ и Алтернатива заедно

Европската агенција Europe Elects која објавува резултати од истражувања на јавното мислење објавува делови од вчера објавената анкета направена од Институтот за политички истражувања од Скопје која дава слика на популарноста на политичките партии од вкупниот број на излезени гласачи без тие што не се изјасниле или што ќе апстинираат.



Од тие што го кажале својот став во анкетата според Europe Elect опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ (39,4) во која влегуваат и Алијанса за Албанците (7,1), Левица (5,4) и БЕСА (2,9) има поголем рејтинг кај гласачите од целата владина коалиција составена од СДСМ, ДУИ и Алтернатива.

Анкетата покажува дека само ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 39,4 % од изјаснетите гласачи додека вкупно целата владина коалиција на СДСМ, ДУИ и Алтернатива има 45,4 % (СДСМ 30,1 ДУИ 13,4 и Алтернатива 1,9 проценти).

Вкупно целата опозиција ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Левица и Беса имаат огромна предност пред власта од 9,3 проценти, при што партиите од власта имаат 45,4 % а опозициските партии заедно 54,7 % доверба кај гласачите.

Преведено во број на пратеници, во зависност од излезноста и распоредот на гласовите по изборни единици доколку идната недела има парламентарни избори опозицијата би победила со меѓу 10 и 15 пратеници.

Во историјата на македонските анкети немало истражување кое покажало поголема предност на опозицијата пред власта што ја открива и причината за одбивање на СДСМ да оди на предвремени избори.

Извор

https://www.facebook.com/493950167468327/posts/1828124077384256/