„Еурокомпозитовци“ пак изиграни и изманипулирани од власта – се закануваат со нови протести

  Иако државата лани во октомври се обврза на околу 300 луѓе од Еурокомпозит да им ги покрие неплатените придонеси за шест години, до ден-денес, ништо од тие слаткоречиви ветувања. Згора на ова, пред неколку дена, добиле и дрско образложение од новата претставничка на општествениот капитал, Тања Чачорова, која е и советник за правда на премиерот Заев.



        Ние немаме на кого да му се обратиме, оти новата Влада е сега скоро формирана, освен на претстваничката на општетсвениот капитал, која сега е назначена на местото од таа Софија. Ни кажа дека се прави нова проценка на фирмата. Во овој момент, значи во Буџетот, пари нема такви, и да не се надевате. А се прави нова проценка !!! Тоа е само купување на време, по мое“ – вели Цветан Бунтески, кој е технолошки вишок.

         Огорчени, гневни, но и лути, работниците велат дека повторно се чувствуваат заборавени, измамени и изманипулирани. Ова уште повеќе, по минатонеделниот одговор на писмото кое тие го испратиле до премиерот Заев, а во кое, тој, со само две реченици, како што велат повторно им ветува решавање на нивниот проблем, по пат на дијалог. Ова уште повеќе ги револтирало.   

        Очајни се и шеесетината вработени кои веќе девет месеци се на принуден одмор и немаат буквално никакви примања. Несреќата да биде поголема, досега, тие не  се ставени и ниту во еден пакет владини мерки.

Повеќе на https://alfa.mk/eurokompozitovczi-povtorno-izigrani-i-izmanipulirani-od-vlasta-se-zakanuvaat-so-novi-protesti/