Ракометарите на Еурофарм Пелистер го надоместија стартниот пораз на домашен терен од дански Орхус, славејќи со 29:27 на гостувањето во Португалија кај Агваш Санташ во Европската лига.
Иако без повредениот Кизиќи и со уште еден удар со повредата на Хосни само по 7 минути игра, македонскиот вицешампион не само што не потклекна, туку во средината на второто полувреме стигна до максималната предност од 24:17, која се покажа доволна за првата победа во групата М.
Данското засилување Хенеберг беше прв стрелец кај гостите со 7 гола од 10 обиди, а го следеа Пешевски со 5/7 и Сери со 4/4.
Во следното коло на 22 ноември битолчани ќе го пречекаат фаворитот Фуксе Берлин.






