Со пораз и во реваншот со Нексе од 22:21 во Битола, ракометарите на Еурофарм Пелистер, кои во првиот натпревар во Нашице загубија со 29:26, го завршија настапот во Европската лига уште во осминафиналето.
Македонија, сепак, ќе има претставник во четвртфиналето благодарејќи на пласманот на Кирил Лазаров со Нант, кои го елиминираа Фуксе Берлин со победа и на гости од 33:30, откако во првиот дуел дома славеа со 25:24.
Селекторот и најдобар македонски ракометар беше втор стрелец за францускиот вицешампион со 5 гола од 6 удари, вклучувајќи го и последниот на возвратниот дуел во главниот град на Германија.






