Со многу подобра игра во второто полувреме, откако првото го добија со 10:8, ракометарите на Еурофарм Пелистер го декласираа грчки АЕК со 30:19 во Битола и го освоија второто место во групата од Европската лига.
Противник на македонскиот вицешампион во осминафиналето ќе му биде Нексе од Хрватска, кој ќе биде домаќин на првиот натпревар на 29 март, а реваншот е на 5 април во Битола.
Стипе Мандалиниќ беше најдобар во нападот на пелистерци со 7 гола од 9 обиди, Рајнер Табоада имаше ефект 6/7, Јосип Божиќ-Павлетиќ 6/8, а голманот Мартон Секели запиша 14 одбрани и имаше 44 отсто успешни интервенции.






