EUROCONTROL го демантира Ковачевски кој лажел за МНАВ и европската организација

Новинарот на емисијата ,,Заспиј ако можеш” Горан Момироски пренесува одговор од европската организација за воздушна навигација EUROCONTROL кој тој го чита како: Ковачевски лаже за европската организација.



Момироски објавува дека по вчерашната изјава на премиерот Ковачевски со која тој ја префрли вината за скандалите во МНАВ на Европската агенција за воздушна навигација EUROCONTROL, како уредник на емисијата ,,Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа стапил во контакт со неколку меѓународни експерти за авијација и со седиштето на европската организација во Брисел.

Денеска од Брисел добил официјален одговор од Еуроконтрол за тврдењата на Ковачевски кој вчера изјави:

,,Со таа институција треба посериозно да се позанимава, не само Владата, туку и ‘Еуроконтрол’. Нивното финансирање е од „Еуроконтрол”.

Според офоцијалниот одговор до Момироски, Ковачевски вчера лажел дека Еуроконтрол има било какви ингеренции на работата на МНАВ а лажел и кога изјавил дека европската организација за безбедност ја финансира Македонската навигација.

,,Во вечерашното издание на Заспиј ако можеш ќе го објавам целиот одговор од Еуроконтрол”, најавува Момироски.

,,Почитуван господине Момироски,
Според меѓународното право, обезбедувањето услуги за воздушна навигација на нејзината територија е единствена одговорност на засегнатата држава.
Европската организација за безбедност на воздушната навигација нема овластување над националните даватели на услуги за воздушна навигација.
EUROCONTROL не ги финансира давателите на услуги за воздушна навигација.
Со почит,
Канцеларијата за печат на ЕУРОКОНТРОЛ”, стои во дел одговорот на EUROCONTROL до Момироски кој во вечерното издание на Заспиј ако можеш најави дека поставил прашања до Еуроконтрол.

Нов упад на насилници, овој пат вооружени, во државна институција

Полицијата ја опколила тетовската болница, во престрелка ранети две лица